На само неколку часа од стартот на Куп финалето на Шпанија помеѓу Реал Мадрид и Барселона, атмосферата „врие“. Навивачи на сите страни, имаше и инциденти и уапсени, а секој во својот табор пробува максимално да се мотивира.
Кај Барселона, првиот човек на клубот, Жоан Лапорта во еден момент се најде во близина на навивачите на клубот, и без размислување ја прифати нивната песна. Почна да навива и по неговиот гест може да се увиди колку сака и самиот да е дел од ова. Колку всушност тој е најголемиот навивач на Барселона.
Мечот инаку стартува од 22:00 часот и според светската јавност ќе биде еден од најследените спортски настани на планетава годинава.
Video: Laporta with Barça fans. pic.twitter.com/DLtodZDHk2
— barcacentre (@barcacentre) April 26, 2025