Македонските фудбалски великани пристигнаа во Варна (ВИДЕО)

587

По повод хуманитарниот фудбалски меѓународен натпревар помеѓу Бугарија и Македонија кој што ќе се одржи во Варна, нашата експедиција попладнево пристигна во овој убав град на приморјето на нашиот источен сосед.

Во пријатна и срдечна атмосфера плејадата на нашите и бугарски ветерани предводени од Горан Пандев од наша и генерацијата од Мундијалот од 1995 година од страна на Бугарија викендов ќе се дружат и ќе евоцираат спомени од некои дамнешни времиња.

Патем ќе одиграат и хуманитарен натпревар од кој што секако приходот ќе биде наменет за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани.

ПретходноЛапорта навива со фановите на Барселона (ВИДЕО)
СледноМитровски сам ја победи Локомотива