Марк Маркес испиша историја во Херез!

50

Марк Маркес, не само што победи на денешниот спринт во Херез, туку испиша и историја. Имено ова за него беше петтиот триумф оваа сезона во исто толку одржани трки во спринт во Мото ГП. Ова претходни никогаш никој го нема направено. Претходно рекордот го држеше Хорхе Мартин со четири победи во низа.

Инаку на денешната спринт трка во Херез за ГН на Шпанија, Марк победи пред својот брат Алекс Маркес на патеката „Анхел Нието“. Трет заврши Франческо Бањаја.

Спринт трката попладнево ја одбележа и излетувањето на Фабио Квартараро кој ја има пол – позицијата пред утрешната главна трка во Херез.

ПретходноАпсења и скршеници пред стартот на Ел Класико
СледноПМФЛ 29. коло: Вардар води на полувреме против Беса (ВИДЕО)