Мега – спектакл: Барса VS Реал во битка за пехарот во Копа Дел Реј! (ФОТО)

281

Вечерва од 22 часот ништо во светот нема да биде поважно од она што ќе се случува на „Ла Картуха“ во Севилја.

Сите погледи ќе бидат свртени кон финалето во Купот на Кралот или во финалето во Копа Дел Реј.May be an image of 3 people, people playing soccer, people playing football and text that says 'PRESENTED BY Spotify UN UNDIP UNDITRARTIT DIP PARTIT ឆំ 0 MBILIGHT tv FCB CB 勢 26ABRIL, 10 26ABRIL,10PMCEST PM CEST LAFIN FINAL'

А во тоа финале се среќаваат најголемите, гигантите во светот на фудбалот, а тоа се Барселона и Реал Мадрид во уште едно Ел Класико, во уште една битка до истребување.

Се чини како никогаш досега се чека овој меч меѓу двата најголеми шпански и светски клубови. И веднаш да кажеме дека ова финале по малку е “контаминирано“ по се она што се случуваше вчера, кога “кралевите“ се правеа важни, удрија по судиите и малку недостигаше ова финале воопшто да не се игра.May be an image of 3 people, people playing soccer, people playing football and text that says 'CONSTRUINT EL 熱阪量 NOSTRE LLEGAT FERRAN )年味乐. RAPHINHA 11 (M) ACTUR NHCR I.MARTINEZ 5 (ጠ) @XENGA 101 ACNUR UNHCR W'

Сепак разумот победи, сепак Реал е голем клуб и ова не му доликуваше.

Од друга страна нели – целта ги оправдува средствата. А целта е да се добие ова финале, да се победи вечниот ривал и да се дојде до пехарот во Копа Дел Реј.

Барса без Левандовски, Реал без Камавинга. Флик со проблеми во нападот без Лева, Дон Карло со пролеми ако уште еднаш оваа сезона биде торпедиран од Барса. Веќе ќе нема оправдување.Image

Се ова наведува дека ова ќе биде мега – спектакл за сите милијарди фанови во светот на фудбалот а посебно за оние 70.000 среќници кои навреме обезбедија билети за вечерва на трибините на „Ла Картуха“ во Севилја.

Барса оди по својот 32 трофеј во ова натпреварување, Реал го посакува својот 21 пехар во Копа Дел Реј. Досега овие два клуба играле две финалиња во овој век. На последното Реал во 2015 славеше против Барса, а каталонците последен пат славеле против Реал во минатиот век, во таа 1990 година.May be an image of 2 people, people playing soccer, people playing football, cleats and text that says 'VINIJR VINI JR. 7 ® mirates CITER Il RMCF LAS Lair V2D'

Барса оди по втората титула оваа сезона, по триумфот во Суперекупот на Шпанија, има шанси да биде и првак во Ла Лига и да ја освои ЛШ и Флик да испише историја со четири пехари во една сезона. Во случај на триумф на Реал и за Дон Карло ова ќе биде втор трофеј по триумфот во Суперкупот на УЕФА.

Па така прашањето е Барса или Реал, Лапорта или Флорентино, Флик или Карло, Јамал или Мбапе?

Нека биде спектакл и нека биде ова грандиозно финале без „плачење“…Image

ПретходноСестра му на Кулушевски откри една тајна… Дејан навива за Црвена Звезда
СледноВоска официјално се повлече од овогодинешниот ПМФЛ шампионат