МЗТ Скопје повторно убедлив против Феникс за 2-0

30

Уште еден тим поведе со 2-0 во плеј-оф четвртфиналната серија. МЗТ Скопје и на втората средба против Феникс ја оправда фаворитската улога, славеше со убедливи 87-55 и се најде на победа до полуфиналето.

Феникс добро се држеше во првите две четвртини, по кои имаше негатива од 42-32. Кошаркарите на МЗТ Скопје дуелот го отворија со серија од 10-1. Актуелниот првак целата задача ја заврши во третиот период кој го доби со 33-11 и стави печат на триумфот.

Андоновски беше лидер кај победникот со 15 поени и 7 скока, Едвин беше стрелец на 12 поени, додека Војдан и Дамјан постигнаа по 10 поени. На другата страна Бертранд имаше 15 поени.

ПретходноПМФЛ 29. коло: Закариќ капитенски за нов триумф на Вардар (ВИДЕО)
СледноВМФЛ: Без голови на дербито во Штип, Башкими поразен во Кочани!