Уште еден тим максимално ја искористи предноста на домашен терен во четвртфиналето на плеј-офот. МКК Куманово одигра одличен меч против Кожув, иако играше пред празни трибини, сепак теренот беше предност, на крајот славеше со 90-72 и се најде на чекор до полуфиналето.
Избраниците на Марин Докузовски не им дозволија на гевгеличани да помислат на победата, после две четвртини поведоа со 53-31 и до крајот ја имаа полесната задача – рутински да го приведат мечот во своја корист. Кожув беше подобар само во последниот период кој го доби со 15-25, но тоа не беше доволно за пресврт.
Радукиќ со 23 поени и 12 скока беше прв стрелец кај Куманово, до дабл-дабл учинок дојде и Луковиќ, кој запиша 19 поени и 10 скока. Кај поразениот состав Пилепиќ имаше 23 поени, додека Вилсон 19.