Сензација или не? Новак Ѓоковиќ попладнево уште на стартот на турнирот во Мадрид доживеа непријатна елиминација и по поразот од Матео Арналди. Во сетови беше 2:0 за Италијанецот а во гемови 6:3 и 6:4.
Јасно се виде дека најдобриот во историјата и на овој меч беше далеку од своето, посакувано ниво. Арналди во сите елементи беше подобар од Србинот и затоа и победи.
Со овој пораз Новак Ѓоковиќ, по само еден одигран меч, го заврши својот настап на турнирот во Мадрид.