Одбојкарките на Јанта Волеј го победија Работнички и поведоа во финалната серија!

50

Јанта Волеј – Работнички 3:2 за 1:0 во финалната серија за шампион на Македонија во женска одбојка. По сетови резултатот се движеше 20-25, 25-19,11-25,25-20, 15-13.

Значи одбојкарите на Работнички двапати водеа а Јанта Волеј двапатио израмнуваше и успеа да го добие петтиот и решавачки сет за победа од 3:2 и за водство во финалната серија од 1:0.

Најинтересно беше во последниот петти решавачки сет. Се водеше израмнета борба, но Работнички во еден момент имаше и +3 поени, и се очекуваше победа на гостинките, сепак домашните одбојкарки се вратија во игра што се вели и успеаја на крајот да се радуваат. Беше 14-12, за да сетот заврши со 15-13 и тоа беше крај на ова возбудлива и беспоштедна борба во оваа прва средба во финалната серија.

Да потсетиме дека се игра во три победи.

ПретходноГача во елемент, Вардар 13 меча без пораз…како е добро да си “црвено – црн“! (ВИДЕО)
СледноСекоја чест за Седлоски: Ова е серијата на Вардар од 13 меча без пораз! (ФОТО)