На стартот на новото 29. коло од ПМФЛ шампионатот, тимот на Вардар на свој терен на полувреме води против екипата на Беса со 1:0.
Стрелец на единствениот гол засега на мечот кој инаку се игра на комплексот Петар Милошевски во Скопје е, Горан Закариќ од пенал.
Претходно Беса имаше две ситуации пред домашниот гол, но во првата добро дефанзивно реагираше Азер Омерагиќ со глава, а во следната добро беше изблокиран Влатко Стојановски.