Во стратниот дуел од новото 29. коло од ПМФЛ шампионат, тимот на Вардар ја совлада Беса на домашен терен на комлексот Петар Милошевски во Скопје со конечни 3:1.
Творец на оваа победа секако капитенот, Горан Закариќ кој во првиот дел го реализираше досудениот пенал за домаќинот носејќи водство од 1:0, а потоа и во 58. минута кога прекрасно реализираше од дистанца за двојно водство.
Беса за момент се понадева на поволен развој на настаните за себе на овој дуел кога по една грешка на домашната одбрана, Влатко Стојановски реализираше рутински за 2:1.
Сепак, Роџерс Мато и овојпат е џокерот на Вардар како на пример во Битола против Пелистер, па по добро одработениот контра напад на Маневски по лево, репрезентативецот на Уганда погоди за 3:1.
Со ова тимот на Вардар ја продолжува својата позитивна серија пролетва и дефинитивно прераснува од тим кој се бореше за опстанок во екипа која што бодовите на секој меч се и тоа како сериозна опција и реалност.