Полувреме: “Бомба“ на Педри за водство на Барса! (ВИДЕО)

98

Вечерва на „Ла Картуха“ во Севилја се игра Ел Класико, се игра финалето во Копа Дел Реј.

По првите 45.минута Барса води со 1:0 со прекрасниот гол на Педри во 28.минута. Претходеше идеално додавање на Јамал, а Педри со “бомба“ од околу 20 метри ја затресе мрежата на немоќниот Куртоа.

Генерално Барса беше подобра, имаше и неколку шанси, веројатно можеше да добие и пенал во 18.минута кога Валверде играше со рака во својот шеснаесетник.

Во 44.минута Олмо директно од корнер ја погоди стативата.

Реал преку Белиннгем во 34.минута постигна гол, но сепак поради очигледен офсајд истиот беше поништен.

ПретходноИ официјално Селтик ја освои титулата во Шкотска! (ФОТО)
СледноАлиоски со Ал-Ахли ќе игра во полуфиналето во ЛШ на Азија!