Сега сите признаваат, иако онака намрштено по скопски. Сега сите сфаќаат дека Гоце Седлоски е идеалниот човек за клупата на Вардар. Едноставно овој човек си ја знае својата работа. Го донесе Вардар оваа пролет до рекордни 13 меча без пораз во низа, или повторување на рекордот од таа 2019/2020 година.
А кој ли само можеше да претпостави дека Вардар денеска по победата над Беса со 3:1 ќе “грмне“ и тоа силно…
“Ова е Вардар…“.
Како прво по очајната есен, раководството на клубот знаеше што треба да направи, донесе адекватни засилувања и тоа без емоции, и тоа по желба на Седлоски.
И тргна работата. На првиот меч со Шкендија дома, несреќен пораз, и немаше паника. Сите во клубот знаеја што треба.
И од средбата со Струга ТЛ на гости и победата од 0:2 на теренот на тогаш шампинот, Вардар ја отвори серијата.
Кога сме кај неа, ова е серијата на Вардар, ова е серијата на Седлоски:
Се разбира дека таа може да продолжи, следниот викенд Вардар гостува на Чаир кај Шкупи, ете шанса за 14 меч во низа без пораз.
Нема што, овој Вардар со Седло на клупата не се шегува, и тоа како се враќа таму каде што треба да биде. Можеби за инает на…