Дејан Кулушевски вчера го прослави својот 25. роденден. Сега веќе сериозно квалитетниот во светски рамки фудбалер и член на Тотенхем ги ужива најквалитетните години од неговата фудбалска кариера. Некогашниот член на Бјомапојкарна, Аталанта, Парма, Јувентус, а сега и Тотенхен, никогаш не го видовме да заигра за сениорската репрезентација на Македонија но не е тоа страшно. Кулуш остана верен на Шведска.
Сепак, неговите балкански корени не се бришат така лесно, а доказ за тоа на социјалните мрежи покажа неговата сестра Сандра. Таа му честиташе роденден на Дејан со приватна фотографија која што стана вирална веднаш. Имено, на неа Дејан носи кошаркарски дрес на Црвена Звезда, што ќе рече дека напаѓачот е фан на клубот од Белград.
Медиумите во Србија исто така со радост ја пренесоа оваа вест гордеејќи се со фактот дека и големите фудбалери како Кулушевски имаат свој омилен клуб од Србија.