Екипата на ТФТ максимално ја искористи предноста на домашен терен во четвртфиналната пресметка против Чаир, пред своите фанови дојде до втора победа (72-66) за водство од 2-0 во плеј-оф серијата. Сега само еден триумф ги дели од пласман во полуфиналето.
ТФТ одигра две добри четвртини, во кои успеа да дојде до предност од 15 поени, а потоа после одморот и нови +15 (44-29) застана. На другата страна противникот со серија од 14-2 дојде на минус три (46-43). Чаир овој период го доби со 8-17, а веќе во последните десет минути сериозно му се закани на ТФТ, не само што израмни, туку и успеа на момент да поведе со 54-55. Сепак домаќинот најде начин да го стави под контрола резултатот и по драматична завршница да дојде победата број два.
Зафиров имаше 20 поени кај победникот каде еден кош помалку запиша Браун. На другата страна Мофит беше стрелец на 20 поени.