Попладнево на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон, составот на Челзи во меч од 34.коло во Премиерлигата, успеа да слави против Евертон со 1:0. Победничкиот гол беше дело на Џексон на додавање на Фернандез во таа 27.минута.
Ова е голема победа, големи три бода во битката за пласман во Лигата на Шампионите.
Сега “сините“ од Лондон имаат 60 бодови и се наоѓаат на 4.место на табелата.
Сепак треба да се каже дека гостите, тимот на Евертон може да жали зошто во самиот финиш на средбата имаа две големи шанси за бод, но домашниот голман Санчез и во двата случаи на чудесен начин го спаси својот гол.