Попладнево се одиграа уште четири меча од 34.коло во Премиерлигата. Се разбира дека најинтересно беше на дуелот меѓу Брајтон и Вест Хем. До 89.минута “чеканите“ водеа со 1:2 и тогаш дојде до лудило, какво што само може да се случи во Премиерлигата.
Прво Митома израмни на 2:2 во 89.минута, за да во 90+2. погоди Балеба за победа на домашните, за еуфорија на трибините.
Њукасл го победи Ипсвич и го испрати официјално во Чемпионшип, а со оваа победа од 3:0, “страчките“ и натаму се трети, не ја даваат така лесна третата позиција на табелата.
Стрелци на головите беа Исак, Бурн и Осула.
Саутемптон дома беше поразен од Фулам со 1:2, а Вулфверхемптон славеше со 3:0 против Лестер.