Кристал Палас ја декласира Астон Вила на „Вембли“ за пласман во финалето на ФА Купот!

63

Иако Астон Вила важеше за фаворит, сепак тимот на Унаи Емери не успеа да дојде до финалето во ФА Купот.

Пораз од 0:3 од Кристал Палас за тимот од Бирмингем, тоа е епилогот од овој прв полуфинален меч во најстарото фудбалско натпреварување во Англија. Па така сега Кристал Палас го чека својот ривал во големото финале, а тоа ќе биде Нотингем Форест или Манчестер Сити, меч кој се игра утре, исто на “Вембли“ од 17.30 часот.

Палас беше далеку подобар противник и сосема заслужено победи и тоа со головите на Езе и Сар во 31. и 58.минута, и во 90+4. Треба да се каже дека Матета во 54.минута не успеа да реализира пенал, па излегува дека оваа победа можеби можеше да биде уште поубедлива за Кристал Палас.

Ова е трето финале за Кристал Палас во историјата на клубот во ФА Купот.

ПретходноМитровски сам ја победи Локомотива
СледноКуп на Македонија: Вардар 1961 пак ја освои Битола и прв завери место на Ф4