Лапорта навива со фановите на Барселона (ВИДЕО)

103

На само неколку часа од стартот на Куп финалето на Шпанија помеѓу Реал Мадрид и Барселона, атмосферата „врие“. Навивачи на сите страни, имаше и инциденти и уапсени, а секој во својот табор пробува максимално да се мотивира.

Кај Барселона, првиот човек на клубот, Жоан Лапорта во еден момент се најде во близина на навивачите на клубот, и без размислување ја прифати нивната песна. Почна да навива и по неговиот гест може да се увиди колку сака и самиот да е дел од ова. Колку всушност тој е најголемиот навивач на Барселона.

Мечот инаку стартува од 22:00 часот и според светската јавност ќе биде еден од најследените спортски настани на планетава годинава.

ПретходноОва е тој Вардар кој сите го бараат
СледноМакедонските фудбалски великани пристигнаа во Варна (ВИДЕО)