„Ние во Реал Мадрид никогаш не се жалиме за судењето“

206

Тренерот на Реал Мадрид, Чус Матео, не сакаше да коментира за судењето по уште еден натпревар со Олимпијакос. Тимот од Пиреја го доби и вториот натпревар од четвртфиналната серија на Евролигата, овој пат со резултат од 77:71.

На прес-конференцијата, Матео беше прашан за делењето правда.

„Јас сум тренер на кошаркарскиот клуб Реал Мадрид и во мојот клуб никогаш не се жалиме по натпревар за повреди, судии, што и да е“, рече Матео, додавајќи:

„За време на натпреварот кога се караме, се жалиме кај судиите ако сметаме дека е донесена лоша одлука. Верувам во чесноста на судиите. Но, никогаш нема да се жалиме на судиите по натпреварот. Никогаш. Луѓето однадвор можат да кажат што сакаат. Кога натпреварот ќе заврши, јас сум спортист и нема да се жалам за тоа што се случило на теренот.“

Следниот, трет натпревар од серијата е закажан за вторник во 21:00 часот во Мадрид.

ПретходноСтартува битката за пласман на Ф4 во Купот на Македонија, последниот патник ќе биде познат во вторник!
СледноВМФЛ: Дерби под Исарот – Брегалница против лидерот!