Ѓоковиќ не сакаше да го навреди Модриќ: Ве молам не прашувајте!

1779

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ оваа недела учествува на Мастерсот во Мадрид и треба да го одигра својот прв натпревар на турнирот против Матео Арналди денес попладне (околу 15:30 часот), па ако сè помине добро – ќе може да ужива гледајќи го фудбалскиот натпревар за кој веќе зборува целиот свет.

Вечерва во 22:00 часот на програмата е „Ел Класико“, односно натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид во финалето на Кралскиот Куп, па затоа не е ни чудо што на Новак Ѓоковиќ му беше поставено прашање токму на оваа тема.

Штом ги слушна Барса и Реал, Ѓоковиќ почна да го прекинува новинарот бидејќи не сакаше да се „меша“, особено во кога беше прашање дали натпреварот воопшто ќе се игра.

„Не ме прашувајте тоа, ве молам…“, рече Новак Ѓоковиќ со насмевка: „Не знам, не знам, ќе видиме. Јас сум голем фан на фудбалот воопшто. Го гледам тој натпревар со голем интерес. Јас сум поголем фан на Реал Мадрид отколку на Барса, но мислам дека Барселона е фаворит. Сепак, сè е можно.“

ПретходноПСЖ не стана најдобриот француски тим во историјата, Енрике порача: Не е пораз што боли!
СледноПМФЛ: Вардар против Беса по нови бодови и за продолжување на серијата!