Попладнево се одиграа четирите средби од 29.коло во ПМФЛ, односно три ако се знае дека Гостиварци предвреме го напуштија теренот на Маџари и тоа во 76.минута при резултат 1:2 за Работнички. Откако играчите на Гостивар се повлекоа во соблекувалната, судиите почекаа 15 минути и по ова јасно беше дека мечот нема да се доигра.
Значи Гостивар како Воска, и се знае што следува.
Под Шара Шкендија и Шкупи одиграа 3:3. Супер интересно беше. Шкупи водеше со 0:1 и 1:3, но тетовци сепак дојдоа до бод. Имаше и три автоголови како и мајсторија на Имери.
Во Кратово домашниот Силекс и Струга ТЛ одиграа без голови, а Пелистер со голот на Тарасенко славеше со 1:0 против Тиквеш.
Вчера Вардар со 3:1 славеше против Беса а за утре е закажана средбата меѓу Брера и Воска која нема да се одигра ако се знае дека охриѓани се повлекоа од ПМФЛ.
РЕЗУЛТАТИ 29.КОЛО
ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ 1:2 (прекин 76.)
(Ервин 67./Ангелов 79., Дејлеј 84.)
ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 1:0
(Тарасенко 76./)
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 3:3
(Гуе (авт) 6.,, Диене (авт) 37., Шаља 86./Мерџани (авт) 4., Имери 18, Ибиши 38.)
СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ 0:0
ВЧЕРА
ВАРДАР – БЕСА 3:1
УТРЕ
БРЕРА – ВОСКА ???