Полувреме: Алкалоид има негатива од четири гола

1214

Како што се очекуваше, реваншот на гости кај Рунар од полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп е далеку потежок, барем според првото полувреме по кое Алкалоид има негатива од 19-15. На бројните повреди, во составот Лазаров го нема Игор Ѓоргиев, неговото отсутсво и тоа како има влијание.

Фали добра партија на голманите, Галевски почна, на негово место влезе Кизиќ. Во листата на стрелци Серафимов и Митев имаат по 4 гола.

Рунар дуелот го отвори моќно, за 7:30 минути ја анулираше негативата од пет гола од првиот меч, поведе со 6-1. На другата страна Алкалоид ослабен без капитенот Ѓоргиев, тешко играше во нападот, секоја грешка беше брзо казнувана. Лазаров повика тајм-аут, Серафимов не успеа да реализира пенал, но изнуди нов, а Дамјан Митев го постигна вториот гол, па Велковски намали на 6-3 во 9 минута. Рунар не застана поведе со +6 (10-4) во 14 минута.

Мечот продолжи во брзо темпо со тоа што Алкалоид беше во негатива од четири до пет гола, ритамот беше речиси истиот од Скопје. Во 23-та минута Кизиќ запиша важни одбрани, но на голема штета истите не беа максимално искористени, Алкалоид пропушти да дојде на минус два при 16-13. Следеше казна од два гола на Рунар за 18-13. Одговор имаше и нашиот тим, Велковски, па Кизиќ запиша одбрана, а Митев од седум метри намали на 18-15. Рунар успеа да го искористи последниот напад пред одморот за 19-15.

Лазаров и неговите момци имаат пауза и шанса да се консилидираат за да ги добијат следните 30 минути и да испишат нова историја.

ПретходноБарселона има ТОП мета за ова лето – Хулиан Алварез
СледноГостивар на 1:2 се повлече од натпреварот! Работнички службено ќе победи!(ВИДЕО)