Барселона има ТОП мета за ова лето – Хулиан Алварез

276

Неполни 24 часа откако го кренаа пехарот во Купот на Шпанија, првите луѓе на барселона засилено работат на првиот голем трансфер ова лето. Денеска на Пиринеите се проширија информации дека Барселона бара итно решение за засилување на нападот, со то а што ќе доведе играч кој ќе му биде конкурент на Роберт Левандовски.

Изборот, наводно, паднал на Хулијан Алварез од Атлетико (М) и Барселона наводно одлучила тој и официјално да биде нивна примарна цел ова лето. Она што им оди во прилог е информацијата дека Алварез не е задоволен од ситуацијата во Атлетико каде очекуваше да се бори за трофеи.

Иако во Атлетико пристигна од Манчестер Сити пред почетокот на сезоната, не е невозможно да го смени клубот на лето, а Барселона е таа која сака да го искористи тоа и на секој начин се обидува да го доведе Аргентинецот. Во Барселона веруваат дека Алварез сигурно ќе чини над 100 милиони евра, но и дека е паметна инвестиција со оглед на тоа што овој млад напаѓач со години игра на фантастично ниво.

ПретходноРома на Раниери му зеде „мерка“ и на Интер, Фиорентина сигурна со Емполи
СледноПолувреме: Алкалоид има негатива од четири гола