Во меч од плеј-аут зоната во домашниот кошаркакрски шампионат, кошаркарите на Вардар приредија изненадување победувајќи го тимот на Шкупи со 87:85 и со тоа сериозно повлекувајќи го градскиот ривал со себе кон второлигашката конкуренција.
Шкупи сигурно сметаше на сигурна победа на овој меч со убедливо последнопласираниот тим на табелата, но Вардар од почеток до крај одигра одлично и на крајот успеа да ја задржи тешко создадената предност и да дојде до победа. Шкупи со овој пораз останува зад Гостивар со еден бод на претпоследното место на табелата.
Бајрам и Наков одиграа одличен меч за „црвено-црните“ денеска. Бајрам заврши со 23 поени, додека Наков имаше 21 поен со 9 скока и 7 асистенции. Кај Шкупи, Американците Мохамед (31) и Арнолд (21) беа најефикасни.