Браво за легендите на Бугарија, браво за легендите на Македонија. Денеска во Варна некогашните големи ѕвезди на фудбалот на двете земји, па и на светскиот фудбал, како Пандев и Стоичков, одиграа хуманитарен меч за Кочани. Сиот приход оди кај семејствата на настраданите во катастрофата во Кочани како и кај повредените.
А во Варна шоу за уживање и победа за Македонија од 2:3 на гости кај Бугарија.
Јасно е дека резултатот беше во втор план, сепак избраниците на Ѓоко Хаџиевски победија и тоа со головите на Божинов, Пандев и Тасевски, додека за легендите на Бугарија стрелци беа Камбуров и Михтарски.
Во секој случај убав настан за лош повод, камо среќа во иднина овие легенди на двете земји да играат вакви мечеви за убави нешто.
Сепак уште еднаш, БРАВО за Бугарија и БРАВО за Македонија.
Нема што, фудбалот обединува, секоја чест.
Тоа го кажа и Горан Пандев во Варна:
„Ви благодариме за гостопримството. Имаме многу заеднички спомени. Фудбалот обединува“.
FOTO Sportal.bg