По цели пет години Ливерпул одново е шампион, одново е “главен“ во ПЛ. Откако во таа “ковид“ 2020 година ја славеа на празен стадион, сега „Енфилд“ беше преполн.
Заслужено “Редси“ се шампиони за оваа 2024/25 сезона зошто четата на Арне Слот беше најдобра.
Ова е вкупно 20-тата титула во клупската историја за Ливерпул.
Да, денеска на “Енфилд“ Ливерпул со стил дојде до официјализирање на тронот откако го декласира Тотенхем со 5:1.
Стрелци на головите беа Диаз, МекАлитер, Гакпо, Салах и автогол на Удоги. Стрелец на голот за 0:1 беше Соланке.
Следуваше еуфорична прослава како на „Енфилд“ така и по улиците на градот.