Заминувањето на Анчелоти е реалност, Италијанецот најави преговори со Бразилците

136

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е подготвен за подлабоки преговори за преземање на селекторската функција на Бразил пред квалификациите за Светското првенство во 2026 година во јуни.

65-годишниот Италијанец ќе се сретне со претставници на Бразилската фудбалска федерација (CBF) веже следнава недела, јави Би-Би-Си.

Анчелоти изјави дека неговата иднина е „тема за следните недели, а не денес“, по бурниот пораз на Реал во финалето на Купот на кралот од Барселона во Севиља во саботата. Сепак, на натпреварот беше забележан бразилскиот бизнисмен Диего Фернандеш, кој настапуваше во име на Бразилската федерација и кој наводно имал средба со агентот на Анчелоти пред вчерашниот меч во Севиља.

Се разбира дека последната посета на Фернандес на Европа вклучува план и да се сретле лично со Анчелоти за да го убедли да ја преземе работата во Бразил веднаш штом ќе заврши сезоната.

ПретходноФлик е роден за трофеи: Седум финалиња – седум победи!
СледноПо мечот меѓу Вардар и Шкупи инцидент, за среќа без последици (ВИДЕО)