И Пелистер и Охрид со пласман во завршницата од Купот на Македонија!

65

Вчера Вардар, а денеска тоа го сторија Пелистер и Охрид за пласман во завршницата или Ф4 во Купот на Македонија.

Битолчани во финалето во групата – 2 немаа никакви проблеми на дуелот со Радовиш и славеа со 50:25. Тоа беше само полесен тренинг за актуелниот првак на Македонија.

Треба да се каже дека Пелистер на денешниот меч, со оглед на тоа дека немаше потреба, играше со комбиниран состав.

И Охрид вечерва славеше, но во финалето во групата – 4 и тоа против Тиквеш со 34:25.

Во првите 20 минути охриѓани како да се загреваа. На полувреме беше само 15:14. Сепак во второто полувреме ракометарите како да префрлија во поголема брзина и успеаја да дојдат до победа и пласман во завршницата во Купот.

На Вардар, Пелистер и Охрид се очекува во вторник да им се придружи и Алкалоид.

ПретходноРаботнички пак го реши Пелистер и поведе со 2-0
СледноФутсал: Пехарот во Купот на Македонија за КМФ Форца!