КК Пелистер му врачи отказ на тренерот Трајковиќ!

121

По двата порази од Работнички, раководството на КК Пелистер се раздели со тренерот Ненад Трајковиќ.

Србинот од вечерва не е веќе шеф на стручниот штаб на клубот од Битола.

КК Пелистер оваа информација ја сподели во јавноста вечерва:

Кошаркарскиот клуб Пелистер ја известува јавноста дека ја прекинува соработката со тренерот Ненад Трајковиќ, по слабите игри и резултати на екипата во изминатиот период.Трајковиќ дојде на чело на Пелистер на почетокот од оваа календарска година на местото на Александар Петровиќ, српскиот стратег за момент успеа да го внесе тимот во посакуван ритам, но падот на формата и слабите резултати на стартот од плејофот беа причина како управа да бидеме принудени на ваков чекор по два пораза во четвртфиналната серија со Работнички.

Улогата на прв тренер до крајот на сезонава ќе ја има Дејан Илиевски, стручњак што во последните години е дел од тренерскиот тим на „зелено-белите“, а сега ќе добие шанса и како шеф на стручниот штаб“ посочија од Пелистер

ПретходноФутсал: Пехарот во Купот на Македонија за КМФ Форца!
СледноГолот против Гостивар, Матеј Ангелов го посвети на Андреј Лазаров!(ФОТО)