Копа Дел Реј: Во блескаво финале пехарот за Барса, солзите за Реал! (ВИДЕО)

469

Спектакл на “Ла Картуха“ во Севиља, во финалето на Копа Дел Реј на вечерашното Ел Класико во кое триумфираше Барселона со 3:2. Имаше од се по нешто во ова блескаво финале кое беше решено во судското продолжение во 116.минута со голот на Кунде.

Мега – спектакл во Севиља, но секогаш е така кога играат Барса и Реал Мадрид.

Барса водеше со 1:0, Реал ја сврте средбата на 1:2, за да Барса сепак победи со 3:2.Image

Пехарот за Барса, солзите за Реал и судиски грешки, по обичај.

Ова трета победа на Барса оваа сезона во исто толку мечеви.

Откако до 18.минута речиси и да не видовме ништо, тогаш Валверде играше со рака, ама немаше пенал за Барса, така одлучија судиите и погрешија. Барса беше подобра, домионираше во првиот дел и со голот на Педри, тоа беше вистинска “бомба“ од 10 метри во таа 28.минута за водство на Барса.

Каталонците имаа уште неколку шанси, но сепак на пауза се замина со тие 1:0 за Барса.

На почетокот од второто полувреме во игра влезе Килијан Мбапе, и веднаш направи разлика. Реал Мадрид беше опасен, создаде во тие први 5-6 минути барем три големи шанси, но сепак израмнувањето дојде во 70.минута кога Мбапе од слободен удар постигна убав гол за 1:1.Image

И тука Реал не запре, продолжи со нападите, речиси секој напад на Реал “мирисаше“ на гол, а тој дојде во 77.минута кога по центаршутот на Ѓулер, Чуаемни со шут со глава успеа да ја затресе мрежата на Шчесни за 1:2, за водство.

Сега Барселона беше на потег.

Јамал во 82.минута фантастично шутираше во негов стил, но Куртоа покажа зошто е еден од најдобрите голмани во светот.

Сепак во 84.минута Феран Торес успеа да ја погоди празната мрежа за израмнување на 2:2 и тоа по киксот на фалениот Куртоа.

Спектаклот продолжува.

Во 90+5.минута пенал за Барса, фаулиран беше Рафиња од Асенсио. ВАР одлучи главниот судија Беонгочеа да ја види ситуацијата, а тој си ја поништи својата одлука и немаше пенал за Барса.

Претходно сепак имаше пенал од Ридигер врз Феран Торес, но тогаш не судеше ништо и погреши.

И така ова финале отиде во продолженија.

А таму Кунде во 116.минута постигна прекрасен гол за 3:2. За победа на Барса.

ПретходноКопа Дел Реј: Барса – Реал Мадрид 2:2, спектаклот продолжува, ќе се играат продолженија!
СледноХанси Флик не губи финале, а Дон Карло е новиот селектор на Бразил!