Манчестер Ј. се спаси од пораз во судиското продолжение

90

Со играч повеќе во завршницата на мечот, Манчестер Ј. се избори за реми на гостувањето кај Борнмут во 34. коло од Премиер лигата. Средбата заврши 1:1, иако домашните имаа победа во рака се до судиското продолжение на средбата.

Борнмут поведе во 23. минута од натпреварот, по една глупава грешка во бековската линија на гостгите. Доргу ја загуби топката, а по возвратната топка од Еванилсон, Семењо успеа да погоди за 1:0.

Црвениот картон на Еванилсон во 66. Минута им донесе предност на гостите, кои притиснаа, но до гол за реми дојдоа во судиското продолжение. Во 6-та минута од судиското надополнување Хојлунд само ја спушти ногата и ја испрати топката во мрежата за 1:1!

ПретходноПолувреме: Мајсторија на Имери, смешни автоголови, Шкупи со убедливо водство под Шара, на другите мечеви е 0:0! (ВИДЕО)
СледноРома на Раниери му зеде „мерка“ и на Интер, Фиорентина сигурна со Емполи