Никој не го сака Реал како него: Тони Крос испрати јасна порака до светот!

2119

Барселона повторно излезе како победник во дуелот со Реал. Со голот на Кунде во 116-тата минута и по грешката на Модриќ, Барса го освои Кралскиот Куп, a претходно го освои и Суперкупот.

Со сето тоа, Барса е се поблиску до освојување на титулата бидејќи има +4 во споредба со Реал Мадрид, а е во игра и за трофејот во Лигата на шампионите бидејќи игра полуфинале со Интер, додека Реал претходно беше елиминиран од Арсенал.

Ова е тешка ноќ за Мадрид, Карло Анчелоти речиси сигурно си заминува.

Но, Реал си е Реал. Никогаш не паѓа на самото дно. Ова се тешки времиња, но тој ќе се издигне и ќе се врати посилен од кога било, нема сомнение за тоа.

Вистинските легенди како Тони Крос го знаат ова. Германецот проговори кратко и јасно: „Hala Madrid. Siempre“

Со оваа порака, Германецот им даде поддршка на својот поранешен клуб и поранешните соиграчи. Реал живее засекогаш, и претпоставувам дека тоа им е јасно на сите, и порано или подоцна трофеите повторно ќе се натрупаат во витрините на „Сантијаго Бернабеу“.

 

ПретходноРудигер фрли шише кон судијата, едвај го задржаа да не направи поголем инцидент (ВИДЕО)
СледноТепачка на натпреварот Клиперс – Денвер, судијата додели шест технички грешки (ВИДЕО)