ПМФЛ: Ќе биде „жешко“ на Маџари, “братско дерби“ во Битола, Шкендија и Силекс по нови победи!

299

Во сенка на сите случувања околу Воска во текот на вчерашниот ден, како и победата на Вардар над Беса и продолжување на блескавата серија на тимот на Гоце Седлоски, денеска на програмата се четири меча од ова 29.коло со почеток од 16 часот.

Јасно е дека утрешниот дуел меѓу Брера и Воска ќе биде регистриран со службени 3:0 за струмичани откако охриѓани се повлекоа од ПМФЛ.

Би требало да биде интересно и возбудливо на сите четири меча, а посебно на Маџари каде Гостивар го дочекува Работнички.

Во битката за тоа 3.место кое носи во Европа, во случај на победа тогаш Гостивар ќе дојде на само минус еден бод во однос на тимот на Дебар Маало. Па така за Работнички се освен пораз ќе биде добро.

Во Битола се игра “братското дерби“, но сега за опстанок. Пелистер и Тиквеш се во крајно незгодна ситуација и секој бод им е потребен.

Лидерот Шкендија го дочекува Шкупи, а вториот Силекс игра дома со Струга ТЛ. Реално е домашните да слават, но и Шкупи и Струга ТЛ си имаат свои мотиви.

ДВОЈКИ ЗА 29.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

Битола: Пелистер – Тиквеш

Тетово: Шкендија – Шкупи

Кратово: Силекс – Струга ТЛ

Скопје: Гостивар – Работнички

САБОТА

Вардар – Беса 3:1

ПОНЕДЕЛНИК

Брера – Воска

ТАБЕЛА

Шкендија 62, Силекс 58, Работнички 52, Гостивар 48, Струга ТЛ 46, Вардар 35, Шкупи 33, Пелистер 29, Брера 27, Тиквеш 26, Беса 24, Воска 13 (-9).

ПретходноСелекторот Пауновиќ го објави поширокиот список на женската репрезентација
СледноСо овој потег Дарвин сам си потпиша отказ од Ливерпул!