Прва радост: Алекс Маркез победи на трката за ГН на Шпанија

34

Помладиот од браќата Маркез, возачот на Гресини, Алекс Маркез, ја освои првата победа во својата кариера триумфирајќи на трката за Големата награда на Шпанија, петта од сезоната во Мото ГП шампионатот.

Алекс, кој претходно четирипати беше на највисокото скалило на подиумот во класата Мото3, како и осум пати во Мото2, успеа да победи во својата 93-та трка во најсилната класа. Шпанскиот возач славеше пред Фабио Квартаро на Јамаха, кој се врати на подиумот за првпат од средината на октомври 2023 година и од трката во Индонезија. На третото скалило на подиумот се најде возачот на Дукати, Франческо Бањаја.

Трката ја одбележа и големата грешка на осумкратниот светски шампион Марк Маркез, кој излета од патеката во третиот круг.

Алекс се врати на врвот во генералниот поредок и сега има 140 бодови, еден бод повеќе од Марк Маркез, додека Бањаја е трет со 120 бодови.

ПретходноВардар го победи Шкупи и го повлече кон втора лига
СледноФлик е роден за трофеи: Седум финалиња – седум победи!