Фудбалерите на Милан ја совладаа Венeциjа на гости со 0:2 во 34. коло од Серија А. По големиот триумф во текот на неделата против Интер во Купот на Италија, Милан одигра прилично слаб натпревар, но овој пат и лошата слика на теренот ја претвори во важни три бода.
Милан поведе по пет минути игра кога Јусуф Фофана го проигра Кристијан Пулишиќ, а овој заврши убава акција за водство на „росонерите“ од 0:1. Венеција успеа да израмни преку Џон Јебоа, кој постигна убав гол по центаршут, но при акцијата беше во офсајд, а истиот беше поништен во 34. минута.
Конечните 0:2 беа дело на Хименез во 96. минута кој со прекрасен удар со глава ја запечати судбината на домашните.
Во вториот попладневен меч екипата на Комо на домашен терен ја победи Џенова со 1:0.
.