Рома на Раниери му зеде „мерка“ и на Интер, Фиорентина сигурна со Емполи

137

Фантастичната низа без пораз за момците на Клаудио Раниер продолжи и денеска на дербито со Интер во милано. Фудбалерите на Рома го победија Интер со 1:0 и продолжија да се искачуваат на табелата во Серија А лигата.

Избраниците на Клаудио Раниери направија изненадување кое може да ја „скрои“ шампионската трка што се вжештува меѓу „нероаѕурите“ и Наполи, бидејќи избраниците на Антонио Конте со победа имаат шанса да дојдат до три бода предност на врвот на италијанскиот шампионат.

Во 15. минута Павар поради повреда мораше да му отстапи место на Бисеко, а седум минути подоцна „волчицата“ поведе благодарение на Матиас Суле, кој одлично се справи со одбиената топка и го матираше Зомер.

Фиорентина на домашен терен беше подобра од Емполи со резултат 2:1.

ПретходноМанчестер Ј. се спаси од пораз во судиското продолжение
СледноБарселона има ТОП мета за ова лето – Хулиан Алварез