Барселона го освои Кралскиот Куп по 32-ри пат во историјата. Во лудото Ел Класико го победи Реал Мадрид со 3:2 по продолженијата. Каталонците водеа по првото полувреме со голот на Педри, но во рок од седум минути во вториот дел, Реал направи пресврт преку Килијан Мбапе и Аурелиен Чуамени. Сепак, Феран Торес постигна гол за продолжението, а во 116-тата минута Кунде постигна гол за прослава на Барселона.
По голот на Кунде, Реал со сите сили се обиде да израмни, а сè кулминираше во 122-та минута. Мбапе го фаулираше Гарсија, а потоа клупата на Реал целосно полуде. Најлут беше Антонио Рудигер, кој фрли шише на теренот, а потоа се обиде да влезе во него. Едвај го спречија да не успее, а поради неговото насилно однесување доби црвен картон и се соочува со суспензија.
This Rudiger crash out 😭😭😭 pic.twitter.com/yYOYu9pluE
— TLV (fan) (@TheLampardView) April 26, 2025