Скандал се случувал уште пред почетокот на дербито на Маџари кое беше преканато после 85. минута при водство на Работнички од 1:2.
Имено на судиите им било кажано уште пред натпревар дека Гостивар ќе го напушти теренот ако не им се суди по мерка или ако губат.
Ова му го напоменале на четвртиот судија Стојанче Трпчевски, кој тоа го пријавил во записнокот како што се гледа од приложеното.
Инаку сега се знае. Работнички ќе победи со службени 0:3 а Гостивар ќе биде казнет со минус 9 бодови, исто како Воска.
Е сега дали Гостивар ќе се повлече и од ПМФЛ како Воска, останува да се види.