Уште еден одличен настап и уште еден одличен резултат за нашиот најдобар маратонец, Дарио Ивановски. Денедка Дарио настапи на полумаратонот во дубровни, Хрватска и на крајот убедливо го освои првото место, претрчувајќи ја целта со македонско знаме во рацете.
На полумаратонот Дарио постави рекорд на патеката од 1 час, 8 минути и 2 секунди. Второпласиран беше Хрватот Жељко Цота, кој имаше дури 6,24 минути послабо време од Дарио.
На полумаратонот учествуваа околу 1.000 натпреварувачи во машка и женска конкуренција.