Стајиќ: Нема простор за паника, со ладни глави одиме по брејк

61
Денеска (19 часот) ќе се одигра втората четвртфинална пресметка меѓу Работнички и Пелистер. Битолчани зад себе го имаат разочарувачкиот прв меч на гостувањето кај „црвено-белите“ каде беа ндиграни.

Иако имаат лошо издание, сепак од таборот на Пелистер веруваат дека можат да дојдат до брејк пред серијата да се пресели во Битола.
„Лошата реализација беше пресудна на првиот натпревар. Двете екипи играа цврсто во одбраната, со многу контакти, знаевме дека ќе решава една топка, но противникот беше посконцентиран на крајот и заслужено славеше. Одбраната ни беше на високо ниво, очекувам во ист стил да одиграме и на вториот дуел, но и да обрнеме внимание на ситни детали кои би ни помогнале да стигнеме до победата. Серијата е долга, нема простор за паника, треба само да влеземе со ладни глави, да одиграме максимално и да атакуваме на брејкот што го посакуваме пред двете средби во Битола“, изјави Бобан Стајиќ.

Вториот натпревар од серијата меѓу Работнички и Пелистер повторно се игра во салата „Независна Македонија“ во скопската населба Кисела Вода.

Претходно, МЗТ Скопје, ТФТ и Куманово ја искористија максимално предноста на домашен терен и поведоа со 2-0 во плеј-фот, сега се на победа до полуфиналето.

ПретходноШортс со Париз испиша историја!
СледноПулишиќ и Хименез за нова радост за „росонерите“, Комо на чекор до ТОП 10