Стоичков ги пречека македонските легенди пред хуманитарниот меч во Варна (ВИДЕО)

1283

Фудбалската репрезентација на Македонија составена од легендите и ветераните на македонскиот фудбал, денеска во Варна, ќе го одигра најавениот хуманитарен натпревар со составот на ветераните на бугарскиот фудбал. станува збор за хуманитарен натпревар од кој сите собрани средства ќе бидат донирани за настраданите во страшната трагедија во Кочани.

Нашите легенди денеска во Варна беа пречекани од легендата на бугарскиот и светскиот фудбал, Христо Стоичков, како и од бројни други врвни имиња на бугарскиот фудбал. Тука беа и новинарските екипи и најмалите фанови. Фудбалот и денеска ќе биде во знак на хуманоста и пријателството.

ВИДЕО ЛИНК ⇒

ПретходноСудијата објасни зошто тројца играчи на Реал добија црвени картони против Барса
СледноСо македонско знаме прв низ целта: Дарио победник на полумаратонот во Дубровник