Фудбалерите на Барселона го освоија Кралскиот Куп со победа од 3-2 над Реал Мадрид во продолженијата. Драмата на крајот од средбата во Севиља беше обележана со сцени на незадоволство од играчите на Реал, а главниот судија на натпреварот, Рикардо Де Бургос покажа три црвени картони.
Излив на бес му донесе црвен картон на Антонио Ридигер, кој фрли предмет во правец на судијата. Тоа му донесе исклучување, а останува да се види каква казна ќе добие за сè. Де Бургос им покажа црвени картони и на Винисиус и Џуд Белингам. Во извештајот по натпреварот, Де Бургос објасни зошто исклучил тројца играчи на Реал.
Антонио Рудигер (120. минута)
„Во 120-тата минута играчот (број 22) Ридигер, Антонио, беше исклучен од следната причина: за фрлање предмет од техничкиот простор, иако не ме удри. Откако му беше покажан црвен картон, мораше да биде задржан од членови на тренерскиот штаб, при што покажа агресивно однесување“, напиша судијата.
Лукас Васкез (120-та минута)
„Во 120-тата минута, играчот (број 17) Васкез беше исклучен од следната причина: поради протест против една од нашите одлуки, при што тој истрча неколку метри на теренот и гестикулираше за да го изрази своето несогласување.“
Џуд Белингам (по натпреварот)
„Во 999-тата минута играчот (број 5) Белингам, Џуд Белингам беше исклучен од следната причина: по завршувањето на натпреварот тој тргна кон нашата позиција со агресивно однесување, при што мораше да биде совладан од неговите соиграчи.“