Синоќешната победа над Реал (М) ќе остане посебно запишана во историјата на Барселона и лично во професионалното си-ви на тренерот на Каталонците, Ханси Флик. Каталонскиот тренер останува непоразен во финале, откако неговиот тим се врати од 1-2 против Реал Мадрид во натпреварот од Купот на Кралот и на крајот победи со 3-2 по продолженијата. Досега, Ханси Флик има зад себе седум најразлични финалиња и исто толку остварени победи.
Флик е само вториот тренер по Пеп Гвардиола кој победил во првите три натпревари против Реал Мадрид.
За околу две недели Барселона го дочекува Реал Мадрид, а Каталонците моментално имаат предност од 4 бода. Доколку се задржи разликата и момците на Флик повторно победат, речиси сигурно ќе си ја гарантираат тројната круна.