Флик по освојувањето на Купот: Убаво беше да се гледа пресвртот од клупата

266

Барселона го победи својот најголем ривал Реал Мадрид во неверојатен натпревар синоќа и го освои Купот на кралот, а Ханси Флик на прес-конференција говореше искрено како никогаш до сега.

„Многу сум горд на овој тим. За мене е неверојатно како секогаш успеваат да најдат решение на теренот, како се борат за сè. Многу, многу сум горд на нив“, започна Флик.

„Многу сум среќен за навивачите, за нашиот тим, тренерскиот штаб и за сите. И секако, за клубот. Беше навистина неверојатно. Тие го заслужија ова и јас сум многу среќен.“

Тој потенцира дека во второто полувреме не биле најдобро, но го радува фактот дека неговите момци во продлженијата биле на ниво на задачата.

„Беше одличен момент вечерва, иако второто полувреме не беше добро. На крајот, ја имавме поддршката од нашите навивачи тука. Во продолжението, тимот спаси две шанси на Реал Мадрид, а ние го постигнавме победничкиот гол. Беше навистина неверојатно.

Често го кажувам ова, од почетокот на сезоната: јас сум тука, со мојот тим, за да создадам позитивна атмосфера во клубот и во соблекувалната, за да можат играчите да уживаат, да го сакаат фудбалот, да играат со радост и да го покажат своето највисоко можно ниво. Многу ми е важно да имам таква атмосфера во соблекувалната и играчите да ја чувствуваат нашата поддршка, да знаат дека веруваме во нив, дека имаме доверба во овие играчи и дека ќе одиме заедно до крајот на сезоната“.

Флик кажа дека секогаш гледа позитивно, исто како и за време на дуелот со Реал Мадрид.

„Беше убаво да се гледа од клупа начинот на кој успеаја повторно да го свртат резултатот. размислувам позитивно, а тоа беше случај и денес. Мислам дека заслужено победивме, сè помина како што треба и Кунде одлично ја заврши работата. Беше совршена вечер.

Кога прифаќате ваква работа, секогаш мора да размислувате позитивно. Бев многу изненаден колку сите беа пријателски расположени и колку убаво ме пречекаа. Од првиот ден се чувствувам многу среќен што сум тука во Барселона и во овој клуб“, рече Германецот.

Барселона ќе се бори на уште два фронта до крајот на сезоната. Во шпанското првенство, тие се на првото место со четири бода предност на пет кола до крајот.

Во Лигата на шампионите, тие ќе се соочат со двомеч во полуфиналето против Интер, а првиот натпревар ќе се игра за три дена во Шпанија.

ПретходноСепак можеби не е крај за Анчелоти на клупата на Реал: Можеби ќе останам!
СледноИгрите на Гостивар и „сеењето магла“ како алиби за потрошените милиони!