Шортс со Париз испиша историја!

249
Фото: Eurohoops

Американецот со македонски пасош, Ти-Џеј Шортс ги собира „плодовите“ од одличната сезона во дресот на Париз. Покрај добрите игри во Евролига, Шортс и Париз играат во одлична форма и во Франција.

Тие вчера испишаа клупска историја, откако го освоија Купот на Франција. Ова е прв пехар за тимот на Шортс во ова натпреварување, а до истиот дојдоа откако во финалето го совладаа Ле Ман со 91-80.

Шортс мечот го заврши со седум поени, седум асистенции и два скока, а во игра мина 25. минути.

 

ПретходноСо македонско знаме прв низ целта: Дарио победник на полумаратонот во Дубровник
СледноСтајиќ: Нема простор за паника, со ладни глави одиме по брејк