Во хумантарниот меч за Кочани: Македонија ја победи Бугарија среде Варна!

4855

Браво за легендите на Бугарија, браво за легендите на Македонија. Денеска во Варна некогашните големи ѕвезди на фудбалот на двете земји, па и на светскиот фудбал, како Пандев и Стоичков, одиграа хуманитарен меч за Кочани. Сиот приход оди кај семејствата на настраданите во катастрофата во Кочани како и кај повредените.

А во Варна шоу за уживање и победа за Македонија од 2:3 на гости кај Бугарија.

Јасно е дека резултатот беше во втор план, сепак избраниците на Ѓоко Хаџиевски победија и тоа со головите на Божинов, Пандев и Тасевски, додека за легендите на Бугарија стрелци беа Камбуров и Михтарски.

Во секој случај убав настан за лош повод, камо среќа во иднина овие легенди на двете земји да играат вакви мечеви за убави нешто.

Сепак уште еднаш, БРАВО за Бугарија и БРАВО за Македонија.

Нема што, фудбалот обединува, секоја чест.

Тоа го кажа и Горан Пандев во Варна:

„Ви благодариме за гостопримството. Имаме многу заеднички спомени. Фудбалот обединува“.

FOTO Sportal.bgХуманитарен натпревар - Бугарија 94 0:1 Северна Македонија

ПретходноПо голема драма и „пенал рулет“: Алкалоид испиша историја – ќе игра европско финале!
СледноСкандалозно: Од Гостивар пред мечот се заканиле дека ќе напуштат! (ФОТО)