Така е тоа кога резултатот не ти оди во прилог, кога ќе потрошиш тешки милиони за ништо, па потоа сите ти се виновни.
Попладнево на Маџари дербито меѓу Гостивар и Работнички не се доигра. Беше прекинато при резултат 1:2 нешто после 76.минута, Интересно, играчите сакаа да играат, тренерите исто така, Мерт Новбре го немаше, ама газдата на клубот нареди – прекин.
И така и беше, им викна …“ајде напуштајте теренот и марш во соблекувална“.
И сега се знае што следува, службена победа од 0:3 за Работнички и Гостивар во најнизок ранг, исто како Воска.