ПМФЛ: Прекин на Маџари, и Гостивар како Воска, 3:3 под Шара, без голови во Кратово, Пелистер го победи Тиквеш!(ВИДЕО)

1634

Попладнево се одиграа четирите средби од 29.коло во ПМФЛ, односно три ако се знае дека Гостиварци предвреме го напуштија теренот на Маџари и тоа во 76.минута при резултат 1:2 за Работнички. Откако играчите на Гостивар се повлекоа во соблекувалната, судиите почекаа 15 минути и по ова јасно беше дека мечот нема да се доигра.

Значи Гостивар како Воска, и се знае што следува.

Под Шара Шкендија и Шкупи одиграа 3:3. Супер интересно беше. Шкупи водеше со 0:1 и 1:3, но тетовци сепак дојдоа до бод. Имаше и три автоголови како и мајсторија на Имери.

Во Кратово домашниот Силекс и Струга ТЛ одиграа без голови, а Пелистер со голот на Тарасенко славеше со 1:0 против Тиквеш.

Вчера Вардар со 3:1 славеше против Беса а за утре е закажана средбата меѓу Брера и Воска која нема да се одигра ако се знае дека охриѓани се повлекоа од ПМФЛ.

РЕЗУЛТАТИ 29.КОЛО

ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ 1:2 (прекин 76.)

(Ервин 67./Ангелов 79., Дејлеј 84.)

ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 1:0

(Тарасенко 76./)

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 3:3

(Гуе (авт) 6.,, Диене (авт) 37., Шаља 86./Мерџани (авт) 4., Имери 18, Ибиши 38.)

СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ 0:0

ВЧЕРА

ВАРДАР – БЕСА 3:1

УТРЕ

БРЕРА – ВОСКА ???

ПретходноГостивар на 1:2 се повлече од натпреварот! Работнички службено ќе победи!(ВИДЕО)
СледноОва е човекот што нареди прекин на Маџари: „Ајде во соблекувална…!“(ФОТОГАЛЕРИЈА)