Вечерва во салата „Парк“ во Струмица ќе се одигра вториот меч од финалната серија во домашниот одбојкарски плеј-оф. По одличниот настап на првиот меч во Штип, одбојкарите на бранителот на титулата Струмица со предност од 1:0 во партии го дочекуваат предизвикувачот Штип УГД на домашен терен во обид да ја остварат и втората победа со што ќе дојдат на само чекор до продолжение на доминацијата на домашната одбојкарска сцена.
Штипјани, пак, по одличното издание во првенството и освојувањето на Купот на Македонија две години по ред, и натаму не се откажуваат од амбициите да стигнат до шампионскиот наслов. Момците на тренерот Кристиан Ристески најавија дека веќе се увидени грешките од првиот дуел и вечерва во Струмица ќе се обидат да ја повторат својата најдобра партија од Ф4 турнирот во Купот и да им вратат на струмичани за првиот пораз на домашен терен.
Натпреварот бр. 2 во финалето стартува вечерва од 19 часот.