Еднаш победник, засекогаш победник: Маестро Кирил Лазаров! (ФОТО)

2370

Не е првпат, а ниту ќе биде последен, од Кирил Лазаров да видиме една ваква фотографија. Неговиот победнички менталитет е “заразен”. Некогаш тоа го правеше на теренот, а сега покрај него.

Велат: Еднаш победник – засекогаш победник.

Лазаров од младите момци на Алкалоид создаде лавови, воини…Во моменти кога е лесно да се предадеш, тој им покажа како се бори, како се верува.

Не се откажа, а ниту пожали во ниту еден момент, храбро и со голема верба дојде во Норвешка, иако не само што одамна ги немаше на располагање Марко Митев и Никола Костески, остана без услугите на Игор Ѓоргиев.

Максимално ги искористи сите расположливи сили, широка подадената рака на младите македонски ракометари на крајот вроди плод – Алкалоид се пласираше во финалето на ЕХФ Европскиот Куп, а таму го чека грчки предизвик, тимот на АЕК.

И ништо не е случајно, во Автокоманда се гради иднината на македонскиот ракомет.

Алкалоид во само четири години испиша историја за која многумина клубови кои постојат долго време е научна фантастика.

ПретходноПандев: Благодариме во име на Македонија, за гестот и за прекрасната организација
СледноСтоичков му врачи пехар на Пандев за победата во Варна (ВИДЕО)